БОГОЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ КАКО СВЕДОК ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“

/

Случајот против поранешните генерален и финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, „Маѓар телеком” се одложува за 30 септември поради неприсуство на сведокот Слободан Богоески, јавува НОВА.

За денеска на предлог на одбраната беше повикан сведокот Слободан Богоески, за кого Судот нотираше дека нема доказ за уредно извршена покана. Дополнително во писмен допис на Богоески до судот вели дека нема да може да присуствува на денешното рочиште и дека ниту ги познава обвинетите ниту е запознаен со нивните активности.





Претходна статија

СЕ ПРАВАТ ЧЕКОРИ ЈАНУКОВИЧ ДА СЕ ВРАТИ ВО УКРАИНА

Следна статија

УБИЕН ПОРАНЕШНИОТ НБА ПРОФЕСИОНАЛЕЦ АНДРЕ ЕМЕТ

Најново од Вести