| |

БОJКОТИРАМ : ФАНТОМИ ВО КУМАНОВО

Почитувани браќа и сестри,

секојдневно добиваме пораки во врска со избирачкиот список и со гласачите. За жал оваа власт сака да го фалсификува референдумот и има уфрлено дури по 10 фантоми или лица кои не живеат на одредени адреси, а ќе гласаат на избирачкото место.
Сопствениците на овие живеалишта се многу вознемирени, дури и самите не знаат кои се тие луѓе кои се заведени дека живеат во нивните домови според пребарување во избирачкиот список според адреса.
Затоа ве повикуваме сите кои сакате да бојкотирате, кои се грижите за својата татковина, своето семејство, својот идентитет, пребарајте ги вашите адреси во избирачкиот список, пронајдете ги лицата кои не се дел од вашето семејство или не живеат на таа адреса.
Пријавете до ДИК.
Пријавете до полициска станица.
Пријавете на социјални медиуми.
Пријавете по весници и тв станици.
Нека се чуе вашиот бојкот! Бидете храбри, достоинствени и непокорни како секогаш.
Проверка на: https://izbirackispisok.gov.mk/

Ова ни доаѓа од Куманово по претходна анализа од сопственикот.

Слични Објави