|

Борел: Во 20 земји членки на ЕУ ќе се обучуваат 15.000 украински војници

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, изјави во Полска дека досега во мисијата на ЕУ за обука на украинската армија учествувале 1.100 војници.

Борел ја откри бројката при посетата на тренинг кампот во Бжег, Полска. Тој рече дека мисијата ја покажала подготвеноста на Европа да ја поддржи Украина додека таа се брани од Русија.

Министрите за надворешни работи на ЕУ потпишаа договор за Мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ) на 14 ноември, со официјално започнување еден ден подоцна.

Неколку земји од ЕУ веќе обучија украински војници врз основа на национални договори.

Вкупно до 15.000 војници ќе бидат обучени во 20 земји членки, пишува DPA.

Во Хрватска, претседателот и опозицијата се спротивставија на владиниот предлог Хрватска да обучува украински војници како дел од мисијата на ЕУ, па Парламентот ќе гласа за него.

Мисијата за обука ќе ја плати ЕУ, а Борел процени дека ќе чини околу 100 милиони евра.

Извор: zoom.mk

Слични Објави