БОРИСОВ ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Бугарската Влада ја доби денеска довербата од пратениците на парламентарната седница. Гласањето недоверба на кабинетот Борисов, беше побарано од опозиционата социјалистичка партија. Причина за иницијативата според луѓето на Корнелија Нинова се илјадниците луѓе погодени од недостиг на вода, што доведе и до масовни протести.
Против изгласувањето недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов се изјасниле 124 пратеници, додека 102 гласале „за“.
Социјалистите ја обвинија Владата, дека не успеала да спречи сериозен недостиг на вода во градот Перник во западниот дел од земјата, што доведе до оставка на министерот за животна средина Нено Димов.

