БОРИСОВ СО ПОФАЛБИ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ПО ИНТЕРВЈУТО ЗА БГНЕС
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, упати пофални зборови на адреса на Стево Пендаровски, откако македонскиот претседател во телевизиското интервју за БГНЕС рече дека источниот сосед и помогнал на Македонија да излезе од меѓународната изолација, пренесува Фактор.
Според Борисов, оценката на Пендаровски за софиската политика кон Скопје ја спореди како највисока оценка за кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“.
„Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за изнесеното од негова страна. Се надеваме дека ќе ја видиме Република Северна Македонија и во НАТО и во Европската унија. И тоа е она што сите го очекуваме“, наведе Борисов.
