БОРИСОВ ЗА НАПИСОТ ВО „ЕЛ ПЕРИОДИКО“: НЕМАМ ИМОТ ВО БАРСЕЛОНА, САКААТ ДА ГО ИЗВАЛКААТ МОЕТО ИМЕ

/

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред новинарите во Брисел го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико“ дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.

„По стоти пат ќе кажам дека ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години. Не се мои пари, јас немам никаква врска со тие компании. Станува збор за луѓе кои не сум ги видел дури 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина“, нагласи бугарскиот премиер.

На прашањето дали ќе разговара во врска со овие обвинувања со неговиот шпански колега Педро Санчез на маргините на Европскиот совет, премиерот Борисов рече дека не треба да се разговара за некоја тема што е јасно направена за да се извалка неговото име.





Претходна статија

ВЕТЕРИНАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ОД ФАРМА НА ФАРМА ЗА ДА ЈА СПРЕЧАТ АФРИКАНСКАТА ЧУМА

Следна статија

ГИ НАУЧИВМЕ СРБИТЕ КАКО ТРЕБА, САКААТ ЕКС-ТРЕНЕР НА ВАРДАР ЗА СЕЛЕКТОР!

Најново од Вести