|

Божиќното украсување во бугарското министерство за образование и наука го изработија ученици од Своге

Божиќното украсување во Министерството за образование и наука (МОН) го изработија ученици од средното стручно училиште „Велизар Пеев“ во Своге, информираат од МОН.

Средношколците го подготвија декорот и ја трансформираа внатрешноста на зградата на МОН. Тие создадоа пријатна зимска атмосфера и внесоа божиќен дух во институцијата, се вели во соопштението за медиумите.

Учениците од Своге направија прекрасни празнични украси – со куќички, гномови, ирваси, снешковци, венци и други креативни божиќни елементи. Некои од деталите се направени на 3Д принтер кој средношколците го користат во училиштето.

Матурантите, исто така, го украсија фоајето со новогодишни елки, рачно изработени венци и чорапи, како и снешковци насликани на дрво, соопшти секторот за образование.

Иницијативата се одржува повторно и оваа година, а заслуги за неа имаат средношколците од насоката „Компјутерска графика“ и нивните професори. Средношколците демонстрираат креативност и го применуваат она што го научиле на часовите, секој пат додаваат нови и различни елементи во декорот, се вели во соопштението на Министерството за образование и култура. Годинава тоа е посебно катче за божиќни фотосесии.

Фото: БТА

Слични Објави