БРАКОТ ЗА ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ Е СВЕТО НЕШТО

Разликата помеѓу знаковите во Зодијакот можат да се воочат и во пристапот кон брачниот живот. Брак – дали ќе е формален или не, најмногу е во крвта на знаковите кои се под планетата на љубов Венера односно на Вагите и Биковите.


Бик


Биковите имаат традиционален поглед на брак. Го сфаќаат сериозно и внимателно слушаат се што ќе им каже матичарот и свештеникот. Одговорно се однесуваат кон се, па и кон бракот.


Да би спречиле развод, ќе ги толерираат ситните ипади на партнерот и ќе ги превземат сите домашни обврски. Приоритет има се интересите на своите деца и да го сочуваат тоа што го имаат.


Вага


Родените во овој знак се зависни од љубовта, па сонуваат за венчавка и брачен партнер уште од детство. Многу вложуваат во доброто функционирање и опстанокот на бракот за да не дојде до развод и повторна осаменост, но и да го претстават својот приватен живот пред другите во добро светло.


Да не би жевееле сами, во недостаток на подобар избор ќе пронајдат подпросечен партнер, кој ќе го напуштат веднаш штом ќе пронајдат подобар. Но ја имаат таа способност да ги оддржуваат и двата односа.


Рак


Длабоко чувствителните Ракови за нив бракот е круна на љубовта, а самата венчавка ја доживуваат како најважната епизода во животот. Брачниот другар и заедничкиот дом се клучни благосостојби, па кон нив ќе насочат повеќе ресурси.


Децата ги сметаат како империјата на бракот бидејќи ги гледаат како најважната работа која го зацврствува нивниот однос со партнерот. Доколку имаат деца, ќе се потрудат да останат во брак иако имаат проблеми со партнерот.


Риби


Многу поудобно и посреќно живеат доколку имаат некој на кој ќе можат да сметаат секогаш, а за таа улога се идеални брачни партнери. Бракот и домот го оддржуваат со нежност и љубов, но никогаш не забораваат да го бакнат својот партнер кога ќе се вратат дома.


Ќе му опростат се на партнерот, но повеќе имаат страв да не ги напушти отколку да ги изневери. Ако причината за нивните недоразбирања е трета личност, нема да се однесуваат љубоморно и осветувачни, туку ќе бидат спремни на се за да го придобијат партнерот повторно.