Брнз: Во Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција

/

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска порача земјава да продолжи со реформите дури и кога тие, како што нагласи, предизвикуваат одредени политички поделби.

Според амбасадорката, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност.

Децидна e – во Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција.

Владините претставници, напомена Брнз, мора да одговорат на предизвиците, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ.

-Од независноста на Северна Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваат вашата цел да станете демократска земја, која се заснова на владеење на правото и на еднакви можности за сите граѓани. Знаеме дека ова ќе биде предизвик зашто недостига одговорност, транспарентност. Сето тоа има потенцијал да ја одвлече Северна Македонија од патеката на нејзиниот напредок. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици, да ги исполнат очекувањата на јавноста и стандардите за членство во ЕУ. Ние ве поддржуваме да продолжите со овие реформи дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан, рече Брнз во обраќањето по потпишувањето на амандманот на Договорот за грант за партнерство во Министерството за финансии.



Таа потсети дека половина од поддршката на УСАИД преку Договорот за грант за партнерство за развој, се фокусира на борбата против корупцијата.

-Северна Македонија може да стане попросперитетна, добро управувана и поотпорна држава и затоа ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка, со нетрпение очекувајќи да видиме на кој начин ќе се врати оваа инвестиција, подвлече амбасадорката.



Претходна статија

Обвинителството во Бургас бара притвор за македонскиот државјанин кој шверцувал 88 Авганистанци

Следна статија

Пред хотел во Охрид претепан капетанот на пристаништа на Македонија

Најново од Вести