|

БРОЈОТ НА ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19 ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИТЕ

Бројот на оздравени од коронавирус ширум светот надмина 430.000 лица.

Според ажурираните податоци на страницата Worldometer, досега се излечиле 431.563 лица со COVID-19.

Во Кина има најголем број оздравени – 77 663. По неа следат Шпанија (64 727), Германија (64 300), Иран (43 894), Италија (34 211), САД (32 634) и Франција (27 186).

Бројот на заразени лица достигна 1 861 672 лица. Досега во светски рамки од Ковид-19 починале 114.980 луѓе.

Слични Објави