БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА НАДМИНА 150.000

/

Во Германија, бројот на заразените се искачи на 150.901, според податоците кои ги објавија министерствата за здравство во сите германски покраини.

Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, бројот на заразени лица е зголемен за 2.337 во изминатите 24 часа.

Бројот на починати достигна 5.350, што претставува зголемување од 230 во споредба со претходниот ден.

Покраина со најмногу заразени е Баварија, со 39.939 инфицирани и 205 смртни случаи, по што следи Северна Рајна-Вестфалија со 31.106 заразени и 173 мртви.

Петцифрен број на заразени лица има уште Баден Виртенберг со 29.912 и 270 починати.



Репродукцискиот број на вирусот, кој покажува колку луѓе може да зарази едно инфицирано лице изнесува 0,9.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ВОЗОВИТЕ ЌЕ СООБРАЌААТ СО НОВ ВОЗЕН РЕД

Следна статија

5Г-АНТЕНИТЕ НЕМААТ НИКАКВА ВРСКА СО КОРОНАВИРУСОТ, „ТВИТЕР“ ЌЕ ГИ БРИШЕ ПОСТОВИТЕ ШТО ПОВИКУВААТ НА НИВНО УНИШТУВАЊЕ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи