БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИТЕ СО КОВИД -19 ИЗНЕСУВА НАД 3 100 000 ЛИЦА, ИЗЛЕКУВАНИ СЕ НАД 956.000, А ПОЧИНАА НАД 218.000 ЛИЦА

/

Вчера во САД имаше рекорден број на починати 2 470 , со што вкупниот број на смртни случаи од новиот коронавирус во Соединетите држави достигна над 59.000, а бројот на заразени се искачи на над еден милион,што се најголеми бројки во светски рамки, пренесува Канал 5.

Околу една третина од пријавените случаи на инфекција со коронавирус во светот се во САД и околу една четвртина од смртните случаи.

Во САД, најлоша е состојбата во државата Њујорк, каде има околу 30 проценти од заразените. Следуваат Њу Џерси, Масачусетс, Калифорнија и Пенсилванија.

Коронавирусот предизвика повеќе Американци да ги загубат животите отколку во војната во Кореја , а бројот на жртви е близу до оној на американските загуби во војната во Виетнам велат аналитичарите.



Во Европа по бројот на смртни случаи се уште на првото место е Италија.

Шпанија и Франција се изедначија по бројот на починати над 23 000 има во двете земји, а во Велика Британија се уште расте бројот на заразени и починати,само вчера битката со вирусот ја загубија 586 лица.

Претходна статија

ГДУ ДО УСТАВЕН: КАКО НЕКОИ ИНИЦИЈАТИВИ ВИ „СПИЈАТ“ СО МЕСЕЦИ А НЕКОИ „ВОЛШЕБНО“ ВИ СЕ ПОЈАВУВААТ НА ДНЕВЕН РЕД?

Следна статија

ЕВН ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА „ГРАДСКА БОЛНИЦА – СКОПЈЕ“

Најново од Вести