БУЧКОВСКИ ЗА БУГАРСКОТО НАЦИОНАЛНО РАДИО: МОЖЕМЕ ДА НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА

„Моето назначување е уште еден сериозен сигнал за добрососедство и за тоа дека Македонија сака да најде заедничко решение што ќе ги направи горди двете земји и никој нема да се чувствува понижен, изјави специјалниот пратеник на Р. Македонија Владо Бучковски за Бугарскот Национално Радио.
Владо Бучковски изјави дека е подготвен да работи за да не остане бугарската страна со впечаток за скриени намери од страна на Скопје. „Имаме искрени намери и сакаме да докажеме дека веруваме во договорот за пријателство и добрососедство“, рече тој во интервју за емисијата „Сабота 150“.

loading...

Бучковски е оптимист дека земјите од Западен Балкан, кои имаат заедничка историја, можат да најдат решение за тоа.

Бугарија е нашиот најголем сојузник и го поддржува европското членство на Северна Македонија, убеден е тој.


loading...

„Македонија ќе го изоди својот пат кон Европската унија за 6-8-10 години. Дајте ни шанса сега, постигнавме значителен напредок за две години “, повика Владо Бучковски.

Проф. Бучковски изрази разочарување од потезите на опозицијата во северна Македонија, но истакна дека ова се внатрешни проблеми за земјата што таа мора да ги реши. Ова не ја прави задачата на Владата во Скопје потешка или посложена, но одлучноста расте, вели Бучковски.