КОЛЕВ: ИЗБОРИ ТРЕБА ДА ИМА- ГДУ НЕ ПРАВИ КОМПРОМИС СО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

„Избори треба да има. Ние од ГДУ не правиме компромиси со владеењето на правото. Има два концепти за водење на државата, едниот е западниот концепт, каде што во основата на државноста е владеењето на правото и другиот концепт се т.н лидерски средби на компромиси. Компромисот како правило во законот не постои, т.е според ГДУ после завршувањето на вонредната состојба согласно законот во државата треба да си продолжат изборните дејствија и да одиме на избори“, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ во вчерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5.