| |

Будимпешта и Киев постигнаа договор за правата на унгарското малцинство во Украина

Унгарија постигна „историски договор“ со Украина за унгарското малцинство, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Според договорот, ќе бидат обновени основните права на околу 100.000 Унгарци кои живеат во Украина. Киев се согласил одредбите од договорот да ги внесе во своето законодавство и во акцискиот план за преговорите за членство во Европската Унија, јавува 24 часа.

Маѓар изјави дека е постигнат сеопфатен договор за проширување на јазичните, образовните, културните и политичките права на унгарското малцинство во Украина.

Прашањето со правата на унгарската заедница долго време беше спорна точка меѓу Будимпешта и Киев и претставуваше пречка за напредокот на Украина кон ЕУ. Договорот сега може да го отвори патот за отворање на првиот кластер во пристапните преговори на Украина со Унијата.



Слични Објави