| |

Бугари го создадоа првото товарно беспилотно летало

Бугари создадоа беспилотно летало кое може суштински да го промени начинот на транспорт на стоки на растојанија до 2.500 километри. Првиот товарен дрон на далечински управувач го создадоа Бугарите – браќата Свилен и Константин Рангелови. Истиот нема аналог во светот.

Првата авиокомпанија во светот со товарни дронови е бугарска. Тимот веќе успешно го заврши својот прв пробен лет со авионот “Црн лебед” на аеродромот во Балчик. Двајцата браќа Константин и Свилен Рангелови го развиваат проектот речиси 10 години.

„Црниот лебед“ може да носи товар до 350 кг, на оддалеченост до 2.500 км. На дронот му се потребни само 400 м за да слета и полета.

„Планираме да ги започнеме првите комерцијални летови на крајот на оваа година во Грција – ќе носиме резервни делови, електроника, фармацевтски и медицински производи“, вели Свилен Рангелов.



Слични Објави