Шефот на бугарската ДАНС: Советник на премиерот го координирал ставот на бугарското МНР за преговарачкиот процес на РСМ со македонски државјанин
Утврдено е дека советник на бугарскиот премиер го координирал ставот на бугарското МНР со македонски државјанин за време на преговарачкиот процес на РСМ со ЕУ. Ова го соопшти претседателот на ДАНС Пламен Тончев на сослушувањето на раководителите на службите во бугарскиот парламент, јавува БНТ.
За случајот е поведена претистражна постапка, вели уште првиот човек на ДАНС.