| |

РУСИЈА ГИ КАНИ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ЕВРОАЗИСКАТА УНИЈА

Северна Македонија и Албанија добија покана за членство во Евроазиската Унија, откако двете земји не го добија датумот за почеток на преговорите со ЕУ.

Ова го соопшти рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чизов за време на евроазискиот економски форум во Верона, Италија.

„Јас сум сигурен дека земјите кои се кандидати за членство на ЕУ и во моментов се ставени „под мраз“ од Брисел, ќе наидат на поголемо разбирање во Евроазиската економска Унија“, смета Чизов.

Руската покана на овие две балкански земји да се приклучат на Евроазиската економска Унија доаѓа само неколку дена по негативниот став од Франција двете земји да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Извор: ТВ21



Слични Објави