Бугари создаваат соларен авион на иднината

//

Двајца Бугари создаваат авион кој ќе се напојува со соларни батерии. Со пронајдокот ќе учествуваат на натпревар на Боинг. Twin Ray е прв од ваков вид соларен авион, инспириран од рибата скат. Twin доаѓа од англиското близнаци, бидејќи пронаоѓачите – IT професионалците Добромир и Јавор – се браќа.  3000 соларни панели ќе се наоѓаат на авионот. Тие се полнат од соларна енергија за да достигнат растојание од 400 км. Авионот е дизајниран на принципот на лего коцки. Авионот ќе ги промени патните летови и транспортните услуги.
“Авионот користи автономен систем кој може да прави испораки до блиски острови – кои многу често немаат пристап до гориво и до пошта”, објаснува Јавор Христов.
Твин Реј како проект веќе е во финалето на натпреварот “Боинг”. Ако победат, двајцата браќа ќе добијат 30.000 евра за поддршка и менторство од страна на Боинг. Минатата година, првиот авион на соларна енергија направи целосен круг на земјината топка. Спротивно на тоа, Twin Ray е побрз и е дизајниран за две лица.  Ако се пронајдат инвеститори, Twin Ray ќе биде реалност до 2020 година.



Претходна статија

Гонзалес го соопшти конечниот список: Ова се 19. патници за ЕП во Хрватска!

Следна статија

Турскиот театар утре ја изведува премиерно „Среќна Нова година“

Најново од Вести