Бугарија е подготвена да помогне во обновата на Украина, но се уште нема чекори во оваа насока
Бугарија е подготвена да и помогне на Украина во обновата на нејзината инфраструктура и економија. Во оваа насока се уште не се преземени конкретни активности, но веќе има деклариран интерес од градежни компании. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов.
„Сè уште не се преземени никакви активности. Сепак, ова е прашање за кое многу интензивно се разговара во Европската унија, а во пракса веќе се обидуваме да започнеме со подготовки за евентуална идна обнова на земјата. Сè уште очекуваме дека моментот ќе дојде кога ќе можеме да имаме конкретни акции. Веќе има изразена желба од градежниот сектор, има некои предлози, но се уште нема чекори кон обновување“.
