| |

Наоди од 6 век п.н.е. од музеите на РС Македонија, Србија и Бугарија на изложба во Софија

Вредни предмети од крајот на VI век п.н.е., меѓу кои: воена опрема, сребрени орнаменти и садови, ќе бидат изложени во Софија на привремената изложба „105 години Требениште“. Вредните наоди бугарската војска ги открила за време на Првата светска војна пред повеќе од еден век. Привремената изложба е заеднички проект на музеи на три земји: Бугарија, Република Северна Македонија и Србија.

Некрополата кај охридското село Требениште во Северна Македонија опфаќа 56 гробови со вредни предмети од крајот на шестиот век п.н.е. Наодите се откриени во 1918 година за време на Првата светска војна, кога бугарската војска вршела поправки околу селото и наишла на антички гроб. И покрај воените активности, на локацијата биле извршени археолошки истражувања.

Во некрополата е пронајдена воена опрема, златни ознаки, сребрени и бронзени садови и орнаменти. Вредните предмети се чуваат во музеи во Софија, Белград и Скопје.

Привремената изложба „105 години Требениште“, која летото ќе биде отворена во Софија, е дел од општиот договор меѓу Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките, Археолошки музеј на Република Северна Македонија. и Националниот музеј на Србија.

На изложбата, која ќе трае до декември, ќе бидат претставени речиси сите наоди од историски важната некропола. Вклучени се предмети од постојаната поставка на Националниот археолошки институт, кои ги претставуваат главните наоди од археолошкиот локалитет, како и предмети од последователните истражувања на некрополата.

Северна Македонија ќе обезбеди повеќе од 260 експонати за изложбата, а Националниот музеј на Србија – речиси 240 експонати. Бугарија дава и државна гаранција за привремената изложба за да се олесни организирањето на изложбата и да се стимулира соработката меѓу музеите.



Слични Објави