| |

Бугарија ги покачи платите на просветните работници- минималната плата за учител ќе изнесува околу 850 евра

Платите на учителите, наставниците и професорите во Бугариja се зголемуваат за 15%. Ова е направено врз основа на Анексот на Колективниот договор за работа за предучилишниот и училишниот образовен систем што денеска го потпишаа министерот за образование и наука проф. Галин Цоков и социјалните партнери.

Зголемувањето е ретроактивно и важи од 1 јануари 2023 година.

„Владата на овој начин го гарантира националниот приоритет за одржување на висината на платите на наставниците од 125 отсто од просечниот надоместок во државата“, посочи проф. Цоков. Според него, најдобрите решенија за системот можат да се најдат само благодарение на добар и конструктивен дијалог со социјалните партнери.

„Ме радува што со државниот буџет ги гарантиравме и платите на вработените во образованието и продолжувањето на започнатите поправки и модернизирање на училиштата и студентските домови во државата“, додаде министерот.

Со потпишаниот Анекс минималната основна плата за наставниците станува 1.709 лева. Така ќе биде и за сите други педагошки специјалисти – наставници, воспитувачи, раководители на одделот „Информатички и комуникациски технологии“, логопеди, психолози, педагошки советници, тутори, кореографи, рехабилитатори за слух и говор и спортски тренери во училиштата и градинките.

Минималната основна плата за постарите наставници и вишите воспитувачи станува 1.763 лева, а за раководителите – 1.831 лева. Директорите ќе добиваат основен надоместок од најмалку 2.082 лева, а нивните замениците – 1.926 лева.

За зголемување на платите на наставниците од државниот буџет се обезбедени 524 милиони лева.

Слични Објави