| |

Бугарија и Чешка разговараа за соработка во нуклеарната енергетика и преносот на природен гас

Можностите за соработка во транзитот на природен гас, изградбата на нови нуклеарни блокови и развојот на мали модуларни реактори беа теми на средбата во Софија меѓу чешкиот заменик-министер за индустрија и трговија Јан Сехтер и бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, соопшти Амбасадата на Чешката Република во Бугарија.

Сехтер престојуваше во Бугарија за да учествува на конференцијата „Енергетски сојуз во Централна и Источна Европа“, организирана од Бугарската нафтена и гасна асоцијација. На форумот се сретна со колеги од Бугарија, Полска, Романија и Словачка.

Во своето обраќање, тој ја нагласи потребата од забрзана изградба на нови инфраструктурни врски за пренос на нафта и природен гас.

Според соопштението на Амбасадата, Сехтер го истакнал стратегиското значење на бугарско-романскиот проект „Вертикален гасен коридор“, кој е во фаза на довршување. Проектот треба да овозможи снабдување на Централна Европа и Украина со течен природен гас од терминалите во Грција и Турција.

На работната средба со Петрова се разговарало и за размена на искуства од подготовката на проектите за нови енергетски блокови во нуклеарните централи „Дуковани“ и „Козлодуј“, како и за можностите за соработка во областа на малите модуларни реактори, наведуваат од Амбасадата.

Слични Објави