Бугарија и Израел потпишаа договор во сферата на туризмот

//

Договор меѓу владите на Бугарија и Израел за соработка во областа на туризмот во Софија потпишаа министрите за туризам на двете земји Илин Димитров и Хаим Кац. Договорот предвидува размена на искуства во специфични форми на туризам, како што се спа и велнес, авантуристички, културно-историски, верски туризам.

Ова е прва посета на министерот за туризам на Израел на Бугарија. Во изминатата година Бугарија ја посетиле близу 200.000 израелски туристи, што е зголемување за околу 300% во однос на 2021 година, а најпопуларни дестинации за нив биле Софија, Несебар, Варна, Банско, Самоков и Пловдив.

Гостинот истакна дека како син на родители, кои ги преживеале логорите на смртта, тој е бескрајно благодарен на бугарскиот народ за се што направил за поддршка на неговите сонародници во најтешкиот дел од нивната историја и потсети дека оваа година славиме 80 години од спасувањето на бугарските Евреи.

„Моето семејство ме научи дека кога добиваш, мора и да даваш. Ќе направиме се што е можно да испратиме повеќе туристи во Бугарија“, рече Хаим Кац.



Претходна статија

Капетан Румен Јовчев стана првиот бугарски капетан во една од најголемите светски туристички компании

Следна статија

Агелер: Треба да се усвојат уставните измени, пратениците да гласаат за државата да се придвижи напред

Најново од Вести