Бугарија и Косово разговараа за меѓусебната одбранбена соработка и безбедноста на Балканот
Бугарскиот заменик-министер за одбрана Љубомир Монов на 20 ноември се сретна со косовскиот амбасадор во Бугарија, Хаџи Бајрактари. Двајцата разговараа за предизвиците при модернизацијата на вооружените сили на двете земји и за безбедноста на Балканот, јави Армимедија.
Бајрактари го пофали придонесот на бугарскиот контингент во составот на силите на НАТО во Косово (КФОР). На средбата стана збор и за можностите за поблиска соработка во одбраната, како и за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море.
