| |

Бугарија и Украина ќе бидат домаќини на втората конференција за безбедност во Црното Море

На 15 април 2024 година, Централниот воен клуб во Софија ќе биде домаќин на втората конференција посветена на безбедноста во Црното Море – во рамките на Меѓународната Кримска платформа. Конференцијата е заеднички организирана од министерствата за надворешни работи и одбрана на Бугарија и министерствата за надворешни работи и одбрана на Украина, во партнерство со Центарот за одбранбени стратегии (Украина), јавува Актуално.

Воената агресија на Русија против Украина сериозно го поткопа безбедносниот систем во регионот на Црното и Азовското Море и имаше директно влијание врз безбедноста на нашиот континент. За време на конференцијата ќе се разговара за најновите безбедносни случувања во регионот на Црното Море, последиците од тековната воена агресија на Русија врз Украина и натамошните чекори за зајакнување на безбедноста во регионот, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Имплементацијата на украинската „Формула за мир“ исто така ќе биде важен аспект на дискусијата, велат од МНР на Бугариja. Бугарија одамна ја објави својата поддршка за мировниот план на претседателот Володимир Зеленски.

Официјалното отворање на конференцијата ќе биде од 09:30 до 10:00 часот на 15 април 2024 година.

Слични Објави