|

Бугарија испрати воен авион „Спартан“ со помош за Сирија

Бугарска хуманитарна помош денеска со воен авион Спартан беше транспортирана во Сирија, информираат од МВР.

Одлуката беше донесена вчера од страна на Владата, на предлог на вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Тој уште на 8 февруари разговораше по ова прашање со Јанез Ленарчич, еврокомесар за управување со кризи.

По наредба на Демерџиев, „Противпожарна безбедност и заштита на населението“ и Бугарскиот Црвен крст (БЦК) изпратија шатори, 1.680 ќебиња и 504 комплети постелнина.

БЦК објави дека подготвува уште помош за Сирија.

Слични Објави