Бугарија ја презема Дунавската стратегија во 2026 г.
Бугарија во 2026 година ќе го преземе претседателството со Стратегијата на Европската унија за регионот на реката Дунав, јавува БНР. Симболичното примопредавање се одржа на Годишниот форум во Сараево, каде министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Ковачевиќ, му посака успех на бугарскиот министер за регионален развој Иван Иванов.
Иванов истакна дека клучни приоритети ќе бидат намалувањето на регионалните разлики, поддршката за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, кохезионата политика и засилувањето на трансграничната соработка. Дополнително, Бугарија ќе ги одбележи 70 години од основањето на Агенцијата за одржување и проучување на реката Дунав и 160 години од создавањето на пристаништето во Русе.
Во Сараево беше усвоена и Декларацијата за значењето на Дунавската стратегија како инструмент за одржлив развој, при што беше нагласено дека регионот и понатаму се соочува со безбедносни ризици, демографски притисок и нерамномерен напредок.
На форумот беше прикажана и изложба на успешни проекти од дунавските држави. Меѓу нив се и бугарските учества во проектот DRWO 4.0 за модернизација на дрвообработувачката индустрија. Минатата година Бугарија доби и признание од Новиот европски Баухаус за проектот Danube Design Lab на Фондацијата „Колективa“.

