| |

Бугарија ќе биде домаќин на глобалната конференција за вински туризам на ОН

Бугарија беше официјално избрана за домаќин на 9-та Глобална конференција за вино и туризам, организирана од Светската организација за туризам (UNWTO) при ООН. Конференцијата ќе се одржи во Пловдив на 6 и 7 октомври 2025 година, по одлука на бугарската влада да потпише спогодба со UNWTO за организирање на настанот, јавува Медиапул.

Овoj престижен настан ќе ги собере претставници од 160 земји-членки на организацијата, што ќе го засили позитивниот имиџ на Бугарија како туристичка дестинација и ќе ја промовира нејзината винарска традиција на светско ниво. Конференцијата е значаен чекор во стратегијата за позиционирање на земјата како целогодишна туристичка мета на светската карта.

Организацијата на конференцијата е во согласност со приоритетите на Владата на Република Бугарија за периодот 2025-2029, особено во поглед на промоцијата на земјата на глобалниот туристички пазар.

Бугарија е активен член на UNWTO од 1976 година и моментално е дел од Извршниот совет на организацијата со мандат до 2027 година, што и овозможува да учествува во клучните одлуки за светскиот туризам.

Светската организација за туризам на ООН е највлијателната меѓународна институција во областа, а Бугарија ја дели нејзината визија за одржлив и конкурентен развој на туризмот.



Слични Објави