БУГАРИЈА ЌЕ ФИНАНСИРА ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА, КОСОВО, СРБИЈА, УКРАИНА И ДРУГИ ЗЕМЈИ
Владата на Бугарија одобри склучување договори за обезбедување финансиска помош за проекти во Македонија, Косово, Србија, Украина, Молдавија, Ерменија и Виетнам.
Финансирањето на проктите ќе биде со вкупна вредност од над 300 илјади евра.
Парите ќе бидат искористени за зголемување квалитетот на образованието и гарантирањето пристап во услови на мултикултурна средина во државите партнери. Проектите ќе помогнат и за разработување мерки за зголемени капацитети на малите и средни претпријатија, помагање на демократски процеси и изградба на активно цивилно општество преку фокус на активности на млади лица.

