ТЕСТ: ШТО ВИДОВТЕ НАЈПРВО НА СЛИКАТА?
Нобеловецот биолог Роџер Спери открива дека двете мозочни хемисфери, левата и десната, функционираат поинаку, а нашето размислување зависи од тоа која страна е доминантна. Врз основа на неговото истражување, постојат бројни тестови што можат да го одредат нашиот процес на размислување и нашите особини на личноста. Следниот тест ќе ви овозможи да научите повеќе за себе.
Сега погледнете ја на сликата: Што видовте најпрво?
Глава од тигар
Ако сте ја виделе прво главата на тигарот, левата хемисфера на вашиот мозок е поактивна од десната. Вие сте аналитичка и организирана личност, ориентирана кон целите. Кога се соочувате со проблем, имате тенденција да бидете логични и објективни. Понекогаш, сепак, затоа што знаете дека одлуката што ја донесовте е по многу размислување, имате тенденција да бидете категорични. Сепак, препорачливо е да ги слушнете мислењата на другите и да ги имате предвид. Запомнете дека со малку понизност полесно ќе го изодите долгиот пат.
Карактеристики на вашата личност:
• Планирање: Работите ги планирате внимателно по список.
• Прецизност: Имате јасни цели и сте свесни како треба да ги постигнете.
• Рационалност: Емоциите и чувствата не се мешаат во вашите цели.
• Логика: Имате моќ за математички, научни и конзистентни идеи.
• Реализам: Вашиот свет е многу реален. Нема место за бајки и фикција. Колку и да им изгледаат на другите невозможни вашите цели, вие знаете дека тие се реални и достижни.
Мајмун
Ако го забележавте прво мајмунот, десната хемисфера на вашиот мозок е поактивна. Вие сте човек на креативноста кој е полн со иновативни идеи. Кога наидувате на проблем, повеќе се потпирате на вашата интуиција (која почесто не е правилна) отколку на критичкото размислување. Многу добро знаете дека секој чекор што ќе го преземете во животот е лекција за вас, и дека дури и губењето е чекор кон постигнувањето на целите. Патувањето е поважно за вас од дестинацијата. Бидејќи сте сонувачи, честопати се губите во сопствениот сон. Важно е одвреме-навреме да бидете свесни за реалноста и да посветите малку повеќе внимание на светот околу вас.
Карактеристики на вашата личност:
• Импулсивност: Вие работите ги правите спонтано и честопати не се вклопуваат во „кутијата“.
• Емоционалност: Ве интересираат многу работи. Вие го поминувате вашето време размислувајќи и дејствувајќи, се разбира, врз основа на вашите чувства.
• Креативност и уметност: Добри сте во музиката, уметноста и другите креативни дисциплини.
• Интуиција: Вие не правите список за работи и не ги следите правилата. Интуитивно ги решавате вашите проблеми.
• Соништа: Имате соништа за вашиот живот, а не цели, и правите напори да ги постигнете, што честопати се покажува како успешно.
Запомнете дека двете хемисфери на мозокот не работат во изолација, туку заедно и се надополнуваат едни со други. Значи, иако може да изгледа дека имате повеќе црти што можат да се идентификуваат со едната од нив, сигурно имате својства што се карактеристични и за другата.