ЕДЕН ОД НАЈУНИКАТНИТЕ БЕНДОВИ ОД ЈУЖНА АМЕРИКА, FÖLLAKZOID, И АУДИОВИЗУЕЛНИОТ КОЛЕКТИВ ŽEN ВО МКЦ

КОНЦЕРТИЕден од најуникатните бендови од Јужна Америка, Föllakzoid, и аудиовизуелниот колектив Žen во МКЦОбјавено пред 3 часа – 18 октомври, 2019Од Макфакс

На 21 октомври, понеделник, во МКЦ ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка – Föllakzoid и аудиовизуелниот колектив – Žen како нивна предгрупа.

Föllakzoid почнува со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантјаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. I e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтересни издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија што беа направени во single take со целиот бенд, на овој албум се работеше три месеци во изолација.

Kреативната перспектива на бендот отсекогаш била отфрлување на наративните и музичките сознанија, кои ги обликуваат физичките и дигиталните формати и концепции кои се достапни и визуелно и музички, со цел да се направи временско просторна метричка структура која ги распушта авторот и наративните парадигми.



Аудиовизуелниот женски колектив Žen e оформен во 2010 година во Загреб, каде што го пронаоѓа својот креативен дом во АКЦ „Медика“. Нивното деби I onda je sve počelo (2013), објавено под квир-феминистичката издавачка куќа Unrecords од Виена, и албумот „Јантар“ (2015), објавен како соработка помеѓу Unrecords и францускиот независен издавач Vox Project, ги направи еден од најпознатите и најважни бендови од регионот на поранешна Југославија.

Во 2017 година му се приклучуваат на словенечкиот Moonlee Records, а во ноември 2017 година објавен е нивниот трет албум Sunčani ljudi. Žen разиграно ги раздвојува родовите стереотипи и ги поврзува границите на аудио и визуелната уметност евоцирајќи патувања преку усогласување на гласот, потопени во прогресивна симбиоза на гитара, бас и тапани.



Претходна статија

СЕДУМ ПРЕТСТАВИ НА 13. „СКУПИ“ КОЈ ПОЧНУВА ВО ПОНЕДЕЛНИК

Следна статија

МЕШАНИОТ ХОР НА КУД „СТИВ НАУМОВ” – БИТОЛА СО ДВА КОНЦЕРТИ ВО ДУПНИЦА БУГАРИЈА

Најново од Култура