ПЕНДАРОВСКИ ЗАКАЖА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ВО НЕДЕЛА: ВРЕМЕ Е ЗА ЕДИНСТВО
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на денешното обраќање кон македонските граѓани изјави дека закажал лидерска средба за во недела.
На средбата се поканети лидерите на четири политички партии, од кои добил позитивен сигнал за присуство.
Пендаровски нагласи дека е време за национално единство и дека политичките лидери мора да ги стават државните пред партиските интереси.
Претседателот порача дека е време за единство, по најновите информации околу одлуката во Брисел да не се започнат преговори со Македонија.

