| |

Студентскиот дипломатски клуб на СУ „Св. Климент Охридски“ со научен настан за дипломатските односи на Бугарија и Украина во периодот 1914-1944 г.

Студентскиот дипломатски клуб на софискиот универзитет ,,Свети Климент Охридски ” организираше час за истражување по темата ,, Бугарско- украинските дипломатски односи, нов поглед врз настаните 1914-1944 година ) . За настанот преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информира Ана Тертична од амбасадата на Украина во Софија.

,,На средбата зборувавме за предисторијата на почетокот на дипломатските односи меѓу Украинската Народна Република и Царство Бугарија и улогата на Сојузот за ослободување на Украина, основните задачи на првите дипломатски мисии во Киев и Софија по 1918 година , улогата на културната и јавната дипломатија на Украина и Бугарија пред 100 години , работата на социјалните претставници на задграничната влада на Украинската Народна Република во Бугарија во периодот од 1920 до 1944 година, културно информативната дејност на украинската заедница во Царство Бугарија меѓу двете светски војни како против дејство на болшевичката и советската пропаганда”, пишува Ана Тертична.



Таа преку својата објава упатува огромна благодарност на сите учесници за интересната и плодотворна дискусија.

Од фотографиите од настанот објавени на социјалната мрежа Фејсбук станува јасно дека на настанот присуствувал и Христијан Пендиков претставник на заедницата на македонските Бугари во РС Македонија и студент на софискиот универзитет ,,Св.Св Климент Охридски “.



Слични Објави