Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ни ја претставува бугарската ликовна уметничка Софија Димова
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ни ја претставува талентираната бугарска ликовна уметничка Софија Димова, која е учестничка во 35-то издание на Ликовната колонија во Галичник годинава.
Димова (род. 1996 г.) е мултидисциплинарен уметник. Родена е во Варна, Бугарија. Дипломира на Minerva Academy во Гронинген, Холандија. Во својата практика комбинира различни материјали и техники. Преку своите дела создава врски меѓу лични и социо-политички проблеми, испраќајки порака надвор од класичната естетика.
Визуелниот јазик што го користи е груб и директен. Тоа е пристап што следи своја сопствена логика. Истиот е бунт против тревијалната уметност и е возбудлив за публиката.
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје го поддржува учеството на Софија Димова во 35-то издание на Ликовната колонија во Галичник.