| |

Македонија повторно во замката на антибугарското лудило

Пишува: Ели Секуловска за БГНЕС

Вчера, на 08.05.2024 година, во Северна Македонија се одржаа вториот круг на седмите по ред престедателски избори и единаесетти по ред парламентарни избори од осамостојувањето на Северна Македонија.

Најавувани со необјаснива помпа во земјата со најнизок економски раст во Европа како историски и многу значајни, изборите не донесоа ништо ново освен предвидливата победа на кандидатката за престедател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова, како и победа на партијата која ја поддржуваше, ВМРО-ДПМНЕ. Победата на Силјановска беше сосема очекувана и се знаеше уште пред две години кога на една од дебатните емисии гостуваше професорот Зоран Јовановски, инаку стар и доминантен кадар на СДСМ од времето на Бранко Црвенковски, сега потпретседател на Стопанската Комора на Северна Македонија, кога најави дека на престојните избори во 2024 година, масовно ќе победи ВМРО-ДПМНЕ! Победата на ВМРО – ДПМНЕ беше повеќе од загарантирана, па дури и со гласови од СДСМ.

Предизборната кампања беше оценета како демократска, но за некои политиколози кои беа храбри да го кажат својот став, кампањата беше неинвентивна, досадна и стерилна. Во преден план доминираше националистичкиот наратив за спас на Македонија од наводно некој си странски, но и домашен фактор, (во случајот Бугарите), кои сакале да им ја нарушат хармонијата и рамнотежата на македонците и кои им ја краделе историјата!!!! Чинам дека ова фуриозно лудило се претвори во кошмар од кој никој не беше поштеден. Овие рефлексии беа испровоцирани од триото политичари- историчари- медиуми во последните неколку години,па постојано се алудираше на масовно обединување, солидаризирање и сплотеност на народот против надворешниот и внатрешниот бугарски „непријател“ .

Освен, постојаната антибугарска реторика, како и секогаш жо предиборните полемики цветаа демагогија, фразеологија, политичко месечарење , илузии, теории. Фобии, мании, мегаломански хирови. Овде може со децении да се зборуваат глупости , поршарани со нејфтини фрази , а притоа никој и да не се обиде да смени нешто освен што ќе го подигне својот прст за гласање за да го одржи тоа status quo.

Ако се навратиме наназад кон дискусиите на тв дебатите во последните години после потпишувањето на Договорот со Буагрија и францускиот предлог, многу брзо ќе откриеме деа постоеше консензус помеѓу политичките теоретичари од Левицата и Десницата . Зад очигледната конфузија стоеше стабилно убедување под чие светло сите дистинкции беа од минорно значење , освен повикувањето на обединување на мнозинството против бугарското малцинство што не е ништо друго туку најфлагрантна манисфестација на моќ и насилство. Во овој контекст ќе ја употребам реченицата на Макс Вебер кој вели дека секое повикување на здружување на мнозинството против малцинство во една држава е насилие . Под плаштот на некаков си божем загрозен идентитет , со постојана антибугасрка реторика насилството врз Македонските Бугари стана легитимно .Развојот на инструментите на насилство , институционално, па дури и физичко (случајот Пендиков) го достигна нивото кое ниту една политичка цел не може да кореспондира со нивниот деструктивен потенцијал , ниту пак да ја оправда нивната употреба .

Откако во надворешните односи како и во внатрешните релации , насилството станува последното прибежиште за да се задржи недопрена структурата на моќта која не е ништо друго освен фасада , сатенска ракавица , тогаш следува континуиран пад кој е и повеќе од неизбежен. Се разбира, насилството за да се задржи моѓта е последното прибежиште за спас.

Европа веќе реагира за изборите во Северна Македонија.

Култниот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ ги нарече победниците сојузници на Орбан, додека пак партиите Левица и ЗНАМ се оценети како ултранационалистички.

Чинам дека дојде моментот кога реалноста си ги покаже забите. Македонците после долги години на фушерај и расипништво , нерелано подигање на платите , потполно неразумното подигање на административниот апарат, фалсификуваве на историја, ја доживуваат најголемата криза која ова тло не памти. Полтичката неписменост на овој народ е навистина нејасна, но тоа е последица од новниот далтонизам. Обвиени во затвореноста на формата, изгубени во националистичкиот наратив и фалсификати, Македонците мораат да се свестат и да одат напред. Затоа што она што не расте, почнува да гние. Долга низа на години, Македонците живееа во еден совршено вештачки систем. Ослабувањето на системот не е воопшто еднозначно, затоа што од тоа време остана истиот распоред на групи и луѓе кои се заинтересирани да ги одржат своите позиции и тој распоред е продолжение на парализата и мистификацијата.

Да се биде бледа месечина која ќе свети со позајмена светлина , да се биде вредност од втор ред , конвенционално, блуткаво , лошо и провинциско затворено во квази националистичка реторика или да се плови по најчистите води на вистината во вистинска конфронтација со светот и да се стекне правото на потполно битисување?

Не знам, но чинам дека вчера Македонците го одбраа она првото, да бидат само бледа сенка месечина.За жал.



Слични Објави