(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ФОРМИРА ПРАВЕН ТИМ ЗА ТУЖБИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ ВО СЈО
„Донесена е одлука од страна на ИК, со која се задолжува Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ да состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужба за злоупотребите кои се направени од страна на СЈО, а кои ги потврди и нотира Државниот завод за ревизија, за проневера тешка 4,6 милиони евра, пари кои биле исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор од делот за редовни плати, без законска основа.Тоа се 4,6 милиони евра злоупотребени пари од страна на обвинителска институција која што требаше да гони криминал. Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари кои наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност, изјави Стефан Андоновски, од ВМРО-ДПМНЕ.