Познатиот американски претприемач Илон Маск соопшти дека ниту тој ниту неговите деца ќе бидат вакцинирани против COVID-19.
„Јас не се наоѓам во ризичната група, тоа важи и за моите деца“, вели Маск.
Американскиот бизнисмен вели дека карантината не врши работа во борбата против коронавирусот и предлага да бидат изолирани само луѓето што спаѓаат кон ризичните групи- возрасните и хронично болните.
На тврдењето од страна на водителката дека на ваков начин многу луѓе ќе умрат, Маск одговора дека сите умираат и дека во борбата со пандемијата нема како да излеземе како победници.