ПРОИЗВЕДЕН ТЕСТ ШТО ГО РАЗЛИКУВА КОВИД-19 ОД ГРИПОТ

Новиот тест е еден од многуте производи од ПЦР тип кои се веќе на пазарот. ПЦР е главниот метод на тестирање во многу земји. Тој ја открива болеста со множење на генетскиот материјал до точката кога научниците можат да го детектираат вирусот.

loading...

Британско-француската компанија за клиничка дијагностика Новацит (Novacyt) започна производство на тест којшто го разликува коронавирусот од обичниот грип.

Имено, тестот „Винтерплекс“ (Winterplex) препознава два гена специфични за ковид-19, како и гени кои детектираат грип од типот А и Б и респираторниот вирус РСВ.

– Веруваме дека „Винтерплекс“ е првиот одобрен тест што го разликува ковид-19 од вообичаените респираторни заболувања – рече директорот на Новацит – Грејм Малис.