| |

ТУРСКА ДРЖАВЈАНКА УАПСЕНА ПОРАДИ ФАЛСИФИКУВАН ПАСОШ

Државјанка на Турција рано изутринава е приведена на аеродромот во Скопје откако полициските службеници утврдиле дека при пасошка контрола приложила фалсификувана патна исправа.

Според полицискиот извештај:

На 07.08.2018 во 03,20 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ на излез од Р.С.Македонија, од страна на полициски службеници приведена била Х.К.(52) од Турција, поради постоење на основи на сомнение дека приложила фалсификувана патна исправа. Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ-Север за понатамошна постапка.

Слични Објави