ТАРАВАРИ: ПОЧИТУВАН “ДОЦЕНТЕ” ВРАТИ ГИ ИНГЕРЕНЦИИТЕ И ЈАВНО ИЗВИНИ СЕ!

//

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари објави на својот facebook профил слика од пресудата на Управниот суд според која се уважува тужбата на општина Гостивар, против решението на министерот за образование, Арбер Адеми за одземање на ингеренциите на Општината во сферата на образованието. Со таа пресуда решението на Адеми се поништува.

Еве што напиша д-р Таравари на својот facebook профил:

„Министерот за “ингеренции” и “докторорот за правни науки”, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар.
Почитуван “доценте” врати ги ингеренциите и јавно извини се, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!
Правдата излезе на виделина!“





Претходна статија

ТУРСКА ДРЖАВЈАНКА УАПСЕНА ПОРАДИ ФАЛСИФИКУВАН ПАСОШ

Следна статија

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА: ВО ПРИЛЕП ПОЧНУВААТ ЧЕСТВУВАЊАТА ЗА ЗAГИНAТИТE БPAНИТЕЛИ КАЈ КАРПАЛАК

Најново од Вести