ФИЛИПЧЕ: МОЖНО Е ОД НОЕМВРИ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И НА ДРУГИ ОДДЕЛЕНИЈА
Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител ТВ, најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.
„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Филипче.
Целта како што истакна министерот е учениците да се вратат во училниците чекор по чекор.
