| |

Бугарскиот премиер Денков ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Бугарскиот премиер академик Николај Денков денеска во Брисел ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан и на редовниот состанок на Европскиот совет што ќе се одржи на 14 и 15 декември, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се соберат во Брисел една година по Самитот во 2022 година што се одржа во Тирана. Иницијативата ќе овозможи реафирмирање на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ, како и потребата од одржливи и неповратни достигнувања на партнерите на полето на реформите засновани на вредностите и принципите на ЕУ. се забележува во соопштението.

На состанокот на Европскиот совет, шефовите на држави и влади ќе разговараат за одговорот на ЕУ на руската инвазија на Украина, солидарноста на ЕУ со Украина, политиката за проширување на ЕУ, долгорочниот буџет на ЕУ, како и соработката во областа на безбедноста и одбраната.

Слични Објави