ОВОШНИ ПЛОДОВИ КОИ НАЈБРЗО ПОМАГААТ ДО ТЕНОК СТРУК И РАМЕН СТОМАК

Овошните плодови се исклучително корисни. Тие се задолжителен дел од здравата исхрана. Богати се со витамини, минерали, антиоксиданти и растителни влакна и се од витално значење за организмот. Даваат енергија, слатки се, вкусни се и се толку примамливи. Сепак, овошните шеќери во нив можат да влијаат негативно на вашата фигура ако претерате. Премногу овошје исто така може да влијае на луѓето со дијабетес и оние кои се склони на оваа болест.

Некои овошја се пониски со јаглехидрати и шеќери, како и со калории, што ги прави идеални за диета и контрола на шеќерот во крвта. Тие се:

Шумски плодови

Малините, капините, јаготките, боровинките, може да се консумираат во мали количини во кетогена диета со малку јаглехидрати. Тие се умерени во содржината на јаглехидрати и многу богати со растителни влакна. Ова спречува ненадејни скокови на шеќерот во крвта, кои се опасни не само за дијабетичарите, туку исто така создаваат предуслов за акумулација на маснотии кај луѓе кои не страдаат од метаболички проблеми.

Од шумските плодови, боровинките имаат најголема содржина на јаглехидрати, затоа треба да бидете повнимателни со нив.

Кои овошја се со најмалку јаглехидрати?

Малини – половина чаша (околу 60 грама) содржи само 3 грама јаглехидрати.

Капини – Половина чаша (околу 70 грама) капини содржи околу 4 грама јаглехидрати.

Јагоди – околу 100 грама јагоди содржат приближно 6 грама јаглехидрати.

Модри сливи – (околу 65 грама) содржат приближно 7 грама јаглехидрати.

Киви – (околу 70 грама) содржи просечно 8 грама јаглехидрати.

Цреши – половина чаша цреши (околу 70 грама) содржат 8 грама јаглехидрати.

Боровинки – половина чаша содржи околу 9 грама јаглехидрати.

Диња – Една чаша диња содржи околу 11 грама јаглени хидрати.

Праска – Праска со средна големина содржи приближно 13 грама јаглехидрати.

Едно јаболко со средна големина (околу 180 грама) може да содржи приближно 21 грам јаглехидрати, што е доста голема количина.

Слични Објави