Лажна вест од УГД Штип! Научници од Сандански не учествувале на научна конференција, во која се зборувало за македонски идентитет од времето на Железната доба
Во врска со написи, што се појавија во одредени бугарски медиуми, каде што е пренесен ставот на Трајче Нацев декан на Историскиот факултет во Штип,за „постоење на македонски идентитет од 1200 г. пр. Христа“ изнесени на научна конференција, во која наводно учествувале научници од музејот во гр. Сандански во Бугарија, од директорот на музејот Антон Ковачев ја добивме следна информација:
„Во врска со изјавата на деканот на историскиот факултет при Универзитетот во Штип, Република Северна Македонија – д-р Трајче Нацев, треба да ги дадам следните појаснувања:
1. Докладите предложени од бугарските учесници се однесуваат на теми кои немаат врска со македонскиот идентитет или времето од 1200 година. п.н.е., ниту во нашите денови, ниту во кој било период измеѓу.
2. Конкретно, извештаите на д-р Светла Петрова-Динева и Антон Ковачев се повлечени по реакција преку е-пошта од страна на д-р Светла Петрова-Динева на 18.11.2023 година до д-р Нацев, со аргумент дека во конференцијата се вклучени политички аспекти, и покрај тоа што таа има има претензии дека е научна, а тоа е во спротивност со академската практика.
3. Самата конференција, тврдејќи дека е меѓународна, следејќи ги политичките насоки, сама по себе е дефинирана како ненаучна и сметавме дека нашето учество ќе и даде легитимитет.
Ние го почитуваме правото на сечие самоопределување, но одбиваме нашите имиња да бидат вовлечени во евтини провокации на таков крајно недостоинствен начин.
Со почит
Антон Ковачев
директор на Археолошки музеј-Сандански
