Д-р Врабевски им врачи признаници на припадниците на екипажот на воено-истражувачкиот брод „Св. св. Кирил и Методиј“ заради нивното учество во 32-та поларна експедиција на Бугарија
Д-р Милен Врабевски го награди тимот на научно- истражувачкиот брод ,, Св.Св Кирил и Методиј ” на специјална церемонија во Варна, јавува Фондација „Бугарска памет“. За втора година по ред д-р Врабевски ги наградува со признаници сите припадници на екипажот на воениот брод ,,Св.Св Кирил и Методиј ” кој акустираше на Антарктикот како дел од 32-та поларна експедиција на Бугарија.
,, Воздигнувајќи го авторитетот на нашата држава вие сте уште еден пример за додатна мотивација на нашите активности и нашето општество затоа што колку што се повеќе достојните Бугари како вас , толку подобро ќе се развива нашата земја. Ја изразувам мојата искрена благодарност за вашите уникатни достигнувања и ве уверувам дека остануваме со вас за се што вие ќе одлучите дека можеме да го направиме заедно”, изјави д-р Милен Врабевски пред екипажот на воениот брод ,,Св.Св. Кирил и Методиј “.
За време на церемонијата беше врачена и специјалната награда на Фондација бугарска памет за 2023 година , на флотилен адмирал проф. д-р на воените науки Бојан Медникаров, за високи заслуги кон јавноста и исклучителен придонес кон развојот на бугарското воено-морско образование.