Б. Јакшиќ: Руските агенти во Србија се „разбудија“ и сега прават се што ќе им каже Москва

//

Претседателот им подаде “прст” на проруските националисти, тие му ја земаа целата рака. Проруското црковно-националистичко крило ја зафати Србија, вели познатиот политички аналитичар

Интервју на Тамара Никчевиќ за „Авангарда“

– Г-не Јакшиќ, дали навистина според Вас, во Србија не беше познато тоа, за што зборуваше Оливер Ивановиќ, а имено дека Србите на Косово, повеќе се плашат од радикалните Срби, ако ги споредиме со радикалните Албанци?

“Не, не знаеја, медиумите кои се контролирани од власта раскажаа комплетно нова приказна, и луѓето останаа глуви за тоа што го велат српските политичари од Косово.
Се работи за темниот криминален свет што раководи со северот на Косово. Нема сомнение за тоа. Убиството на Оливер Ивановиќ беше наречено политичко, а претседателот Вучиќ дури и го прогласи за “терористички чин”, но политиката во северно Косово е поврзана со криминалниот свет. Мотивот за ова убиство се парите. Оливер Ивановиќ знаеше нешто. Што? Претпоставувам истото што го знае и Белград: дека патеките водат до брат на претседателот Вучиќ, и ситуацијата стана опасна. Вукиќ создаде атмосфера во која повеќе не можеше да ги контролира криминогените елементи во северно Косово.

– Но, српските медиуми ги игнорираат тврдењата на политичарите на косовските Срби и ја обвинуваат за убиство на  Иванович ЦИА, и ја критикуваат Приштина дека не соработува во откривањето на злосторниците.

“Да, мислам дека ова е начинот на кој трагите исчезнуваат и убиството се гледа од на политички, или поточно етнички аспект.

– Митрополитот Амфилохије, го обвини претседателот Вучиќ во предавство, бидејќи преговара со Косово.

– Зборовите на Амфилохије се многу сериозно предупредување, бидејќи тие докажуваат колку е силен блокот на противниците на дијалогот со Албанците. Ако погледнеме кој во Србија е за дијалог со Приштина, јасно е дека, анти-западениот блок е неспоредливо посилен, поголем и поагресивен и гласно ги објавува своите позиции во општеството. Анти-западните сили, исто така, имаат поактивни сојузници. Јас, секако, мислам на Русија, која е многу поактивна од Вашингтон и Брисел.



– Зошто прозападниот блок во Србија е толку слаб?

– Останува енигма, одговорот на прашањето каде оди Србија и на чија страна таа ќе застане. Факт е дека Вучиќ беше „создаден“ од Западот, бидејќи тие му веруваа дека ќе ја поврзе својата политичка иднина со Западот, а не со Русија. Но, за жал, тој страда од недостаток на храброст. Тој ја нема таа карактеристика во својот карактер како еден Мило Ѓукановиќ например. Можеби поради фактот дека Русија може да ја лиши Србија од гас, Вучиќ стравува да застане на слични позиции како Ѓукановиќ.

-Но, кој табор е посилен – прозападниот или прорускиот?”

– Вучиќ покажува хиператрофична “толеранција” за да се обиде да го одржи геостратегискиот баланс. Тој им го подаде “прстот” на проруските националисти, тие му ја „земаа“ целата рака. Ова го потврдуваат фотографиите на министерот за надворешни работи со членовите на организацијата “Српска чест”.
Тој не го осудува и Милорад Додик за неговиот сепаратизам во Босна и Херцеговина.
Ако Вучиќ навистина сака да ја води Србија на Запад, тој ќе мора да се справи порешително со проруското црковно-националистичко крило што владее со Србија.
Тој не може да седи на две столици долго. Дали Белград ќе биде подготвен за сојуз со Европа во 2025 година? Се плашам дека нема да биде.
Вучиќ се обидува да се балансира и неговата игра станува сè поопасна. Времето за конечната одлука за тоа по кој пат ќе тргне Србија ќе истече многу побрзо отколку што мисли претседателот. Ако зборуваме објективно, постојат некои сложени прашања пред него. На пример, што ќе се случи ако потпише договор за нормализација на односите со Косово? Зарем тоа нема да ја разбесне Србија?

– Што треба да се направи според Вас, со Рускиот хуманитарен центар во Ниш? Вучиќ досега се спротивставува на барањето за доделување дипломатски статус на овој центар.

– Јасно е дека многу руски “шпиуни” во Србија се разбудија и сега прават она што Москва очекува од нив.
Што ќе направат Русите ако Србија го избере патот на Запад? Сетете се што се случи во Црна Гора на 16 октомври 2016 или во Македонија во април 2017 година. Се плашам дека Србија ја чекаат уште тешки времиња.

* Бошко Јакшиќ е еден од најпознатите српски новинари, поранешен уредник на весникот Политика.

Претходна статија

Улиците Мариовска и Христо Татарчев во општина Кисела Вода се опасни за граѓаните

Следна статија

Горниот дом на британскиот парламент ја сака Македонија во НАТО и без решение за името

Најново од Интервју