ПРВИОТ МАЛ ГРУПЕН ДОМ СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ВО НАСЕЛБАТА ВЛАЕ

//

Во духот на заложбите на новата влада за деинстуционализација на услугите на големите институции за згрижување деца, во рамките на кампањата „На секое дете му треба семејство“ денес во 12:30 во скопската населба Влае свечено беше отворен првиот мал групен дом.

Во домот е планирано да бидат сместени пет деца на возраст од 14 до 17 години, поранешни штитеници на домот за деца без родители „25 мај“. Во моментов таму се наоѓаат три, додека другите две летниот распуст го минуваат со своите семејства бидејќи се исполнети услови за тоа. Ова е еден од трите оспособени групни дома кои функционираат во земјава, додека, доколку има потреба за тоа, ќе бидат отворени уште два.

На децата им е прв ден, но задоволни се од изгледот и условите за живот на својот нов дом. Со нив постојано има стручно лице од профилите социјален работник, психолог, педагог или дефектолог кој е задолжен да нуди помош, заштита и правилно насочување на децата. Малиот групен дом во Влае располага со заеднички простории: дневна, трпезарија, кујна, остава како и спални соби за секое дете поединечно, и се разбира, простории за хигиена. Новите простории се целосно уредени со чист, модерен и функционален намештај.

Кампањата со пораката „Дали имате љубов за давање“ ја спроведува МТСП во соработка со УНИЦЕФ со цел да се мобилизираат доволен број згрижувачки семејства и да се создаде широка мрежа луѓе кои имаат љубов да ги отворат своите срца и домови за децата, кои за жал, не можат да ја добијат од своите биолошки семејства.

Но, не сите во околината го делеа овој став. Новинарските екипи беа пречекани од изреволтирани соседи кои одбиваат да прифатат во нивна непосредна близина да бидат сместени деца со кои судбината веќе вака се има поирано. Наместо љубов, очигледен беше стравот од инциденти и проблеми во ова мирно место.



За среќа, друг табор соседи веднаш им се понудија на екипите на Центарот за евентуална помош. Ова сериозно говори за фактор колку нашето оштество треба да се бори со стигмата и предрасудите кон овие најзагрозени категории.



Претходна статија

САМО ПОРАДИ ИНАЕТ ГИ ГУБИМЕ МАЖИТЕ КОИ ГИ САКАМЕ

Следна статија

РЕТКО ВИДЕО СО РОКО ЗИФРЕДИ ОД ВРЕМЕТО КОГА УШТЕ ОДЕЛ СО МУСКУЛИ НА ПЛАЖА

Најново од Вести