САМО ПОРАДИ ИНАЕТ ГИ ГУБИМЕ МАЖИТЕ КОИ ГИ САКАМЕ

//

Отсекогаш имав проблем со моите пријателки кои се во брак и кои сакаа мажот не само што ќе се грижи за нив и децата туку да биде покрај самите нив. Сме имале многу долги дискусии а јас бев секогаш убедена дека на светот не постојат две добра и тоа добар, удобен, материјално осигуран живот и маж кој ќе седи и ќе ве думка на колена. Јас не верувам дека има такво нешто и иако на многумина не им одговара тоа сепак ништо не е идеално на светот па и самите ние. И тука почнуваат проблемите… Мажот е тој кој ќе ви обезбеди сè а за возврат не бара многу… Топол дом, насмеана жена и среќни и задоволни деца, само толку…
Нели старите нè учеле дека бракот е света работа и дека на жената местото и е покрај мажот… Во црква се колнеме –додека смрта не нè раздели, во општината –во добро и зло и почнуваме да градиме заеднички живот… Ниеден брак не е идеален па така секоја една жена која се заколнала на овие вредности меѓу другите треба да биде ветер во грбот на својот маж, бидејќи жената е столб на куќата а мажот ќе треба да ја уредува со сите детали. И така си врви животот и ние со него, не носи на разни патишта кои ги градиме заедно… А жената фатена за столбот и не го пушта мажот… Сиротиот носи, влече, тегне а жената повторно незадоволна… Поминуваат години, децата си растат, мажот прави империја од својата скромна куќа (живот под кирија) им обезбедува сè што можат да посакаат од живот но подршката на жената полека но сигурно изчезнува. Мажот како и секоја една глава во куќата обезбедува сретства за школување на децата, на жената и отвара можност сама да се занимава со сè она што ја интересира да може да биде слободна и ја обезбедува материјално. Од деветте круга на пеколот им создава рај за да можат спокојно да живеат, бидејќи спокојството на семејството е многу важна работа за секој еден маж.

Како што се движат работите мажот задоволен од сопствената грижа за своето семејство кое за него е сè што има, млад и многу способен решава да тргне надвор во нова мисија на животот… Мисија која ќе може да ја оствари (си ги знае способностите) со помош на неговата мотивацијата бидејќи неговото семејство ќе стане побогато за уште еден член… Ќе треба да се преселат во друг град, ќе живеат поспокоен живот но сите ќе бидат заедно. И оп еве ти го проблемот… Жената која не знае што сака од животот и која нели треба да биде поддршка на мажот во добро и лошо, леб и сол да се јаде ама заедно да се, не прифаќа. Жената наместо да си го поддржи мажот цврсто да си рече каде ти таму и јас, се пакува и си оди… Се сопнува на првиот проблем на кој наидува, па нели проблемите во брак се заеднички ?! Дали ќе ги решиме со бегање ? Секако дека не ! Но зошто самата не го знае ова а знае да ги „ решава“ проблемите со бегање?! Сите се виновни само таа е исправна и повредена, создава проблем каде не постои сè со цел да си го прекрие недостатокот од држењето на сукњата на мајка си… Мажот разочаран во жената која ја љуби, за која мислел дека неговата жена е подготвена да си го даде и сопствениот живот за него, паѓа во вода. Згора на сè таа удира по неговите слабости, бега од решавање на проблемите, не зборува, го измачува и на крај резултатот е јасен…
Драги мои дами некогаш мислејќи дека сме доволно силни за да ги издржиме сите бури од животот се давиме во само една капка.

Застанете позади мажот кој искрено ве сака, кој каде и да оди секогаш се враќа дома. Бидете благодарни ако имате маж кој ви овозможил сè што родителите не можеле, ви го обоил светот во сите можни бои на виножитото.
Не создавајте проблеми таму кај што немате, застанете рамо до рамо и помогнете му да ги решите заедно, надминете ги ситуациите со заеднички сили… Живејте и уживајте во моментите на семејниот живот.
Бидете му пријател а не непријател не бегајте на првиот испукан куршум, не паѓајте на првата пречка, дозволете си заедно да ја надминете секоја ситуација.

Кога ќе ги прифатите недостатоците и почнете да ја живеете неговата лудост тогаш можете да речете дека навистина не е важно каде сме важно е да сме заедно.

П.С : Само поради инает ги губиме мажите кои ги сакаме…



Автор: Фросина Китановска



Претходна статија

КАКО ДА ИЗБЕГНЕТЕ ЗАМОР ПРИ ДОЛГОТРАЈНИ ВОЗЕЊА

Следна статија

ПРВИОТ МАЛ ГРУПЕН ДОМ СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ВО НАСЕЛБАТА ВЛАЕ

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај