ВЕТЕНО-СТОРЕНО: ГАСНЕЛ КУЌА И ВЕТИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ИЗРЕНОВИРА

Пожарникарот Лоренцо Трајановски преку својот Фејсбук профил извести дека куќата на негови сограѓани која целосно изгорела во мај, веќе комплетно е реновирана.

“Куќата која што настрада од пожар на наши сограѓани на 09.05.2020 година што јас лично учествував во гаснењето и ветив дека ќе биде комплетно реновирана, тоа се случи и веќе е со нови плафони и ѕидови модерно опремена благодарение на мојата вредна екипа Станче Темелков и Иван Пешовски“ напиша Лоренцо на својот Фејсбук профил.